Завршен проект

e-auction

Име на проектот: Развој на електронска берза за земјоделско прехранбени производи во прекуграничната област – Е-АУКЦИЈА

Партнери во проектот: Грчко – Италијанска Стопанска комора на Солун – GICC, Стопанска комора на Кукуш, Грчко – Германска комора за индустрија и трговија и Општина Кавадарци

Период на спроведување: 01/05/2013 до 03/01/2015

Програма: ИПА Програма за прекугранична соработка Грција – Македонија, 2007-2013

Цел на проектот: Развој на пазар со е-аукции за земјоделско-прехрамбени производи, врз основа на успешниот модел на Италијанската онлајн берза за размена на земјоделски производи (BMTI), која е развиена и управувана од Унијата на Италијански трговски комори веќе 16 години.

Целна група: Добавувачи од прекуграничниот регион и купувачи од целиот свет.

Опис на активности:

  1. Развој на акционен план за промоција на локални производи и услуги од земјоделско – прехранбениот сектор, со цел да се зајакне увозот и извозот, со акцент на италијанскиот и германскиот пазар.
  2. Развој на електронска берза, базиран врз успешни европски модели кој се состои од следните елементи:
    • Онлајн повеќејазична платформа на електронска берза.
    • Внатрешно регулирање на платформата на електронската берза.
    • Платформа која е лесна за користење.
    • Отворени протоколи.
    • Алатка за пребарување која употребува параметри, каталози и индекси.
    • Високи стандарди на безбедност што се однесува до личните податоци и трансакции.
  3. Организација на сесии за обука на технички и административен персонал за управување со платформата.
  4. Организација и работа на Help-desk, поддржан од веб – апликација.
  5. Прилагодени советувања на локалните бизниси за промоција на нивниот извозен и иновативен карактер.
  6. Лектура на повеќејазичен водич со извозен и иновативен карактер.
  7. Организација на бизнис – мисиите.
  8. Учество на саеми од земјоделско – прехранбениот сектор во областа на програмата.

Постигнати резултати:

  • Е-Auction Market, иновативна бизнис алатка, која е достапна за производителите и претприемачите во земјоделско – прехранбениот сектор.
  • Директна поддршка за локалните бизниси преку насочени активности за развој на нивната конкурентност, екстровертност и иновативен карактер, како и вмрежување и активности за градење синергија.
  • Индиректна поддршка на локалната конкурентност преку градење на капацитети и соработка помеѓу важни организации на земјоделско – прехранбениот и бизнис сектор (комори, синдикати и здруженија, итн.) во прекуграничната област на Грција –Република Македонија, како и во Италија и Германија.

http://e-auctionmarket.eu/

сабота, 11 август 2018 г.

Останати завршени проекти