Фондацијата за локален развој и развој на информатички технологии – (ФЛОРИТ) Гевгелија е основана како иницијатива на локалната самоуправа, бизнис секторот и невладиниот сектор од општина Гевгелија во 2001 година, под името Фондација -„Центар за локален развој – Гевгелија.“ Од 21.01.2005 го носи денешното име.
Во изминатите 25 години од нејзиното постоење, Фондацијата е етаблирана не само на територијата на општината, туку и на територијата на цела држава, а исто така и во прекуграничниот регион каде што воглавно ги реализира своите активности.
Според Статутот на Фондацијата за локален развој и развој на информатички технологии - Гевгелија, (член 2) Фондацијата е основана како непрофитна и невладина организација, во која е забрането дејствување од политички, верски или други позиции со кои се нарушуваат човековите права, или се загрозуваат општествените и демократските интереси на општината и државата.
Фондацијата се занимава со промовирање политики за одржлив развој на локално и регионално ниво со посебен осврт на воведување иновации и практики за континуирано учење во повеќе области, како во областа на животната средина, претприемништво, енергетика, рурален развој, одржлив туризам и културно наследство.

Мисија на ФЛОРИТ – Гевгелија е поддршка на локалниот развој преку иницирање, подготовка и реализирање на развојни проекти на територијата на општина Гевгелија и регионот во синергија и партнерство со сите општествени групи и поединци.
ФЛОРИТ – Гевгелија е афирмирана организација на локално, национално и меѓународно ниво и посакуван партнер за соработка во областа на одржливиот локален и регионален развој, која ги промовира и развива традиционалните вредности преку современ пристап и придонесува во јакнеењето на капацитетите на локална самоуправа.