Проект: Акцелератор на знаења на МСП (SME knowledge accelerator)
Проектот придонесува зголемување на конкурентноста на МСП секторот каде што посебен акцент е ставен на микро компаниите. Потребата произлегува од тешкиот пристап до финансии и ниското ниво на апсорпција на ЕУ фондовите кои се наведуваат како едно од најголемите ограничувања на МСП секторот во Македонија. Во проектот се предвидени мерки и активности кои ќе им овозможат на микро компаниите (компании со број на вработени од 1-9 лица) да бидат конкурентни на пазарот преку подобра апсорпција на ЕУ фондовите.

Проектот се имплементира од Фондација за локален развој и развој на информатички технологии – Гевгелија, во партнерство со Организација на жени од Штип, финансиран од Европска унија преку програмата EuropeAid/138-495/ID/ACT/MK.
Времетраењето на проектот е 24 месеци.
Главна цел на проектот: Воспоставување на одржлив и ефикасен акцелератор за знаење на МСП за зголемување на капацитетите на МСП за поефикасно користење на фондовите на ЕУ.
Планирани активности:
- координација помеѓу партнерите во проектот
- идентификација и ангажирање на релевантни експерти и обучувачи
- развој на концептот за акцелератор на знаења
- информации од јавен карактер и повик за мали и средни претпријатија да учествуваат во проектот
- воспоставување на официјалната програма за подобрување на вештини и знаења за примена на фондовите на ЕУ
- спроведување на обуки за размена на знаења
- пакет за обука од 4 модули (1-модул дводневна работилница) најмалку 80 компании
- тренинг (менторство: обука на работното место за избрани компании кои успешно го завршиле целиот пакет на обуки) проектни предлози спремни за аплицирање
- билтени, информации за достапните фондови на Фејсбук, редовен проток на информации
- подигање на јавната свест и зголемување на мотивацијата на мали и средни претпријатија да ги користат достапните фондови на ЕУ
- меѓународна конференција за промоција на успешни приказни за МСП поддржани од различни фондови на ЕУ
- промоција на успешни приказни преку социјалните медиуми и други комуникациски канали
Очекувани резултати од спроведување на проектот:
- воспоставување на одржлив акцелератор на знаење за МСП како платформа за зајакнување на МСП за зголемување на употребата на фондовите на ЕУ
- најмалку 80 компании успешно го положиле целиот пакет за обука (со фокус на подготовка на проекти и расположливи средства)
- најмалку 30 компании подготвиле и аплицирале со предлог проекти за различни фондови на ЕУ
Останати завршени проекти
Промовирање на иновативно претприемништво преку формирање на кластер за ароматични и фармацевтски производи
Промовирање и воведување на нови практики и механизми кои би ги истакнале предностите на регионот, со можност за нивно надградување и развивање.
Дознај повеќе„Иновации, развој и вработување во земјоделскиот сектор“
Име на програма: Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка Грција - Република Северна Македонија 2014-2020
Дознај повеќеПроект: ДОБРО ЛОКАЛНО УПРАВУВАЊЕ (GOOD LOCAL GOVERNANCE)
Фондацијата за локален развој и развој на информатички технологии – Гевгелија во партнерство со организациите Здружение Круна Плус Радовиш, Центар за развој на југоисточниот плански регион и Здружение
Дознај повеќеВмрежување и трансфер на знаење за одржлив економски туристички развој 5
Подготвена е анализа на постојните туристички капацитети и потенцијали во прекуграничниот регион Гевгелија – Гоце Делчев
Дознај повеќеПроект: „Зајакнување на капацитетот на граѓанските иницијативи за регионално и микро-регионално вмрежување за рурален развој во источен и југоисточен плански регион“
Проектот „Зајакнување на капацитетот на граѓанските иницијативи за регионално и микро-регионално вмрежување за рурален развој во источен и југоисточен плански регион“
Дознај повеќеEnerGAIN
Приватни сопственици / менаџери на станбени семејни објекти; Приватни или самостојни професионалци во областа на ЕЕ и инсталација на ОИЕ; Мали и средни претпријатија од прекуграничниот регион кои
Дознај повеќе