Перцепција на општата јавност во Македонија за Зелена Агенда за Западен Балкан

Оваа анализа е изработена во рамките на проектот „Регионално партнерство за подобро спроведување на Зелена Агенда за Западен Балкан на локално ниво“ спроведуван од Центар за климатски промени во соработка со партнерите Еко зелено движење од Берово, Геосфера од Битола, Екотуризам 2016 од Охрид, Креактив од Кавадарци, Фондација за локален развој и развој на информатички технологии (ФЛОРИТ) од Гевгелија, Национален ромски центар од Куманово и Eco Action од Тетово. Проектот е финансиран од страна на Швајцарската Влада преу програмата Цивика Мобилитас и ќе се спроведува до септември 2027 година.

Целта на оваа анализа е да ги мапираме тековните политики на локално ниво и да истражиме како граѓанскиот сектор може да се вклучи во донесувањето на одлуките за спроведувањето на Зелената агенда за Западен Балкан (ЗАЗБ). Фокусот на анализата е насочен на планските документи на локално ниво, кои играат клучна улога во реализацијата на оваа амбициозна цел. Во анализата се идентификувани предизвиците што го ограничуваат спроведувањето на ЗАЗБ, а анализирани и можностите кои произлегуваат од локалните иницијативи, и ќе овозможат забрзано спроведување на барањата од Зелената Агенда.
Документот ги анализира ставовите на испитаници од цела држава, при што освен вкупниот процент даден е преглед и по региони, а за некои прашања направена е анализа и по возраст, месечни примања, образование, род и средина во која живее испитаникот (урбана-рурална). Во однос на секторите, истите ги следат приоритетите на Зелена Агенда, односно испитаниците одговараат на прашања за климатски промени, кој е одговорен за климатските промени, дали во иднина ќе бидат почести природните непогоди и слично. Исто така испитаниците одговараат на прашања за моменталната состојба со животна средина, енергија и загадување, квалитет на вода за пиење, состојба со шумите и биодиверзитетот.
Анализата за перцепција на општата јавност во Македонија за Зелена Агенда за Западен Балкан, можете да ја погледнете на следниов линк:
Зелена агенда за Западен Балкан – Перцепција на општата јавност во Македонија
Останати објави
ФЛОРИТ - Гевгелија присуствуваше на презентација на наодите од анализата за развојот на туризмот
Презентирање на главните наоди од анализата на состојбата и консултации со засегнатите страни во процесот на креирање на Стратегијата за развој на туризмот на Република Северна Македонија 2027–2032
Прочитај повеќеОбука за одржлив туризам и алтернативна мобилност во рамките на проектот BalkanVelo
Тридневна обука во Гевгелија за развој на одржливи туристички производи, алтернативна мобилност и унапредување на туристичката понуда, со теренска посета на Серменин
Прочитај повеќеЗа посилни граѓански организации: кон подобри услови за финансиска одржливост
ФЛОРИТ – Гевгелија, како активен член на Мрежата за финансиска одржливост, учествуваше на средбата посветена на унапредување на законските услови за финансирање на граѓанските организации.
Прочитај повеќеУвид во градежните активности во Серменин во рамки на проектот „BalkanVelo“
Напредуваат активностите за уредување на мултифункционалниот објект и изградба на новата велосипедска патека во Серменин
Прочитај повеќеЗавршен настан на EU4M програмата
Потврда за стручност и придонес на ФЛОРИТ - Гевгелија во развојот на локалната заедница
Прочитај повеќеПрезентација на првична верзија на веб страната на ДМО Повардарие
Презентирана првата верзија на веб-страницата на ДМО Повардарие
Прочитај повеќе