Повик за изразување на интерес за учество во јавна набавка
Фондација за локален развој и развој на информатички технологии – Гевгелија објавува Повик за изразување на интерес за учество на тендерска постапка за „Обезбедување надворешна поддршка и менторство за развивање на бизнис идеи од земјоделско прехранбениот сектор“ во рамки на проектот IDEAS.
Целта на проектот е да се идентификуваат, поддржат и започнат нови бизниси во земјоделско-прехранбениот сектор, кои имаат иновациски потенцијал и можат да станат мултипликатори, кои ги искористуваат предностите и потенцијалите на регионот.
Проектот „Иновации, развој и вработување во земјоделскиот сектор (IDEAS)“, е финансиран од Европската унија и националните фондови на земјите учеснички во рамки на ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработа Грција – Република Северна Македонија 2014-2020.
Доколку сте заинтересирани за соработка, вашиот интерес може да го пријавите на info@florit-gevgelija.eu тел. 034/215941.
Краен рок за изразување интерес за учество на тендер е заклучно 11 Јули 2023 година.
Останати отворени повици
Повик за изразување на интерес за учество во јавна набавка „Креирање на паметни (SMART) туристички јавни услуги“
Повик за изразување на интерес за учество во јавна набавка
Дознај повеќеПовик за изразување на интерес за учество во јавна набавка
Фондација за локален развој и развој на информатички технологии – Гевгелија објавува Повик за изразување на интерес за учество на тендерска постапка.
Дознај повеќеОтворен повик – IDEAS
Пристап до „паметно земјоделство“ со проектот „ IDEAS“. Целта е да се идентификуваат, поддржат и започнат нови бизниси во земјоделско-прехранбениот сектор кои имаат потенцијал за иновации.
Дознај повеќе