Отворен повик

Повик за изразување на интерес за учество во јавна набавка

Фондација за локален развој и развој на информатички технологии – Гевгелија објавува Повик за изразување на интерес за учество на тендерска постапка за „Надградба на постоечка веб-страни, обезбедување медиумска промоција и организација на демонстративен настан “ во рамки на проектот Валкан Вело.
Целта на проектот е да се развијат алтернативни мобилни рути за одржлив и целогодишен туризам во прекуграничниот регион на Северна Македонија и Бугарија, со цел подобрување на туристичката понуда и економскиот развој.
Проектот „ Балкански алтернативни маршути за одржлив туризам преку цела сезона (BalkanVelo)“, е финансиран од Европската унија и националните фондови на земјите учеснички во рамки на Interreg VI-A IPA Bulgaria-North Macedonia Programme (CCI Number: 2021TC16IPCB006).
Доколку сте заинтересирани за соработка, вашиот интерес може да го пријавите на следниот маил fgevgelija@gmail.com или на телефонскиот број 034/215941.
Краен рок за изразување интерес за учество на тендер е заклучно 31 Октомври, 2025 година.

вторник, 28 октомври 2025 г.