Туризам
Туризмот претставува патување за сопствени потреби за рекреација, одмор, откривање нови дестинации и најчесто е со ограничено времетраење.
Светската туристичка организација ги дефинира туристите како: “луѓе кои патуваат и престојуваат на места надвор од вообичаеното место, за период не подолго од една година за забава, рекреација, работа или други причини”.
Денес, туризмот е еден од главните извори на приходи во многу земји, а во бројни дестинации токму туризмот е најважната економска гранка.
Поведени од тоа во последните децении покрај бројните истражувања за лоцирање на можни атрактивни туристички дестинации, покрај збогатената туристичка пропаганда во нашето поднебје, активно се работи и на зголемување на туристичката понуда.
