Рурален развој
Подобрувањето на животот на граѓаните во руралните области, преку изградба на капацитетите на руралното општество, е основната цел на руралниот развој. Руралниот развој донесува политика на градење и зајакнување на локални партнерства и овозможува полесен пристап на информации до локалното население. Во исто време пренесува и предлози од локалното население до релевантните институции во процесот на креирање и имплементирање на политиките за одржлив развој во руралните средини.
Иницијативата ЛЕАДЕР претставува иновативен пристап во рамките на политиката за рурален развој на ЕУ, преку кој се стимулира полноправност и заедништво на сите чинители во процесите на градење на политики, донесување на одлуки и спроведување на активности поврзани со руралниот развој. ЛЕАДЕР мерката е насочена кон создавање и отворање на нови работни места и подобрување на животниот стандард на граѓаните во руралните заедници.
