Енергетска ефикасност
Енергетската ефикасност всушност значи извршување иста или поголема низа активности со иста или помала количина потрошена енергија (електрична, топлинска, светлосна, кинетичка) и со помала емисија на јаглерод диоксид во атмосферата. Меѓународниот панел за климатски промени ја дефинира енергетската ефикасност како обратнопропорционална на енергетската интензивност. Притоа, зголемената енергетската ефикасност не треба да биде на сметка на намалувањето на удобноста на корисниците.
Со имплементација на мерки за енергетска ефикасност се обезбедуваат услови за одржлив развој. Тоа значи дека со намалено искористување на енергетските извори им се овозможува на идните генерации да имаат ресурси за сопствен раст и развој.
